^Аааа лесни книгичиња за убаво поминато слободно време... Јас се знае што читам, Девојката што го урна осилото, мислам дека и птичките на дрвјата знаат дека конечно се добрав до книгава И прекрасна е, ништо помалку од она што го очекував
„Норвешка шума„ Харуки Мураками-толку обична и необична истовремено,не ни сетив кога „летнале„ 100-тина страници ...
^^Мураками е одличен. Секогаш летнува времето со него! Ја завршувам The Film Club и вечерва почнувам со The Obsession:an erotic tale од Gloria Vanderbilt Е добро де, треба и такво нешто, колку да промениме
Агата Кристи- Убиство со огледала.... Ми се читаше така нешто лежерно, оти кога му се запнав на ова психолошкиве, умот ми се извади
Бев денес во библиотека и ме бомбардираа со наслови, не знаев што да земам и требаше да земам едно 16 книги, ама останав само на шест. Којзнае следниот пат дали ќе ги најдам другите... Значи листата иде вака: -Tрета девојка од Агата Кристи. Ова било нешто ново од неа, а Агата секогаш вреди да се прочита -Белата кралица од Филипа Грегори. За книгава сум слушала, ама до сега не ми паднала во раце. -Кутија во облик на срце од Џо Хил. Ми ја препорачаа, ми рекоа дека била прекрасна, не сум слушнала за книгава, ама се надевам нема да биде узалуд времето. -Наследена загуба од Киран Десаи. Оваа исто како претходната книга. -Аеродромци од Сашо Тасевски. Сашо ептен си го почитувам, има невиден хумор, до сега од него се ми се допаднало, па оваа книга прва почнувам да ја читам. -Тринаесет часа од Дион Мајер. Книгава била ненормално добра, е ај да видиме. Така девојки се наоружав јас за следниве десетина дена со книги
Тешки Разговори - Даглас Стоун, Брус Пејтон, Шејла Хин. Книгава ми се вртка дома 3 години и конечно седнав да ја читам. Искрено жалам што не сум ја фатила порано, мислам дека ќе пропуштев многу безизлезни кавги да ја имав почитано порано. Дефинитивно ја препорачувам, има многу што да се научи од оваа книга.