Во моментов не читам ништо ама планирам набрзо да ја купам книгата Рајот може да почека од Кели Тејлор, мислам беше. Е сега, сакам да ве прашам ако некој ја има прочитано дали е солиден преводот. Јас колку што разбрав се продавала во книжарница ТРИ и во Култура.
Јас се распрашав, ми рекоа не бил лош преводот, а книгата била интересна. Ја имало и во Спаива на Водњанска со 10 посто попуст. И мене ми е на листа да си ја купам, само не сум се нашла во поминување
^ххаха да не си од георги? и јас ја читам уште од четвртокот, и сеа за сеа ОДЛИЧНО иде...дури до 32ра страна сум Се надевам барем првиот дел ќе го прочитам вечерва, ама некако тешко иде таа замисла
Пауло Коелјо - Единаесет минути. Како почнав, до вечер ќе ја прочитам, во еден здив се чита книгава, интересна е, не можам да ја оставам
Jule Brand `Lügen haben hübsche beine` во превод лагите имаат убави нозе прекрасен роман комедија и лјубов
Втора шанса-Даниела Стил.. На првите страници сум..али досега ми изгледа како океј книга. Интересна приказна.. Спојлер за Фиона и Џон,кои имаат тотално различен животен стил..Но нели спротивностите се привлекуваат ?
Харолд Робинс-Кралска крв. На почетокот вака добра е. Принцезата го застрелува принцот на Велс, бидејќи животот и го прави пекол. Книгава има премногу настани и едвај чекам да навлезам подлабоко
Е не ми се верува И ''Белата кралица'' и ''Кралска крв'' - истите книги што ги земавме од библиотека Мајка ми и двете ги прочита - јас време не можам да најдам Се извинувам за офф - топик