„Роза за балерината“. И ја прочитав за еден саат. Нешто што одамна ми се нема случено. Не сакав и не можев да ја оставам. И цркнав. Неверојатна приказна...
Многу сакам митологија, стари записи и легенди. Започнувам со оваа што прва успеав да ја најдам, па ќе продолжам со Нордиска, или можеби од Стариот Рим. Ако има некој слични книги во електронска форма, ве молам споделете.
Спојлер: Превземено од САКАМ КНИГИ Сандра А. Тејлор... писателка, високо инспиративен и мотивирачки говорник и советник, кој преку својата радио-емисија (Hey House Radio) несебично и искрено споделува искуства и совети од светот на квантната психологија, исцелувањето и динамичната енергија на успехот – личен, општествен, финансиски. Нејзината мисија продолжува да се шири преку нејзините три книги во кои на еден прекрасен, топол и разбирлив јазик таа нѝ разоткрива и нуди практични техники за моќна себе-промена. Квантен успех: Неверојатна наука за богатство и среќа е нејзина втора издадена книга (Њу Јорк Тајмс, бест-селер) која изнудува воодушевување и аплауз кај многу научници, бизнисмени и светски лидери во полето на "моќта на свеста". Исполнета е со информации кои ќе ви отворат нови "прозорци" кон светот и моќни стратегии кои ќе ви го приближат и подадат клучот за благосостојба и среќа. Составена е од седум делови. Првиот ги опфаќа седумте универзални закони на успехот. Во вториот се прикажани силите на успехот (моќта на свеста, енергијата, намера, откажување, избор, љубов). Третиот дел нѝ го доближува значењето на енергијата на успехот (енергија на самодовербата, оптимизам, цел, присутност, благодарност). Четвртиот дел зборува за 4-те чекори кон успехот. Петтиот дел нѝ ги опишува трите невидливи сили кои нѝ помагаат на патот кон успехот. Шестиот дел нѝ ги открива двете препреки кон успехот: ограничено верување и прерано откажување. Седмиот воедно и последниот дел нѝ го покажува единствениот пат кон успехот... КОЈ Е ТОЈ ПАТ? ... ве оставам да откриете сами! "Зошто живееме толку очајно? Осудуваме, а не ЦЕНИМЕ. Завидуваме, а не БЛАГОДАРИМЕ." "Почитувај ги другите како себеси." "Како кралот, така и народот." "Ако ништо не промениш, ништо и нема да сепромени." "Ако со едната нога постојано сте во Минатото, а со друга во Иднината, на Сегашноста само можете да се ИЗМОЧАТЕ!" "Искористете го сегашниот миг кој ви се нуди!" "Бидете внимателни која навика ќе ја изберете зошто во неа ќе останете следните –шеесетина- години!" "План без дејствување е празно сонување." "Сигурно ќе го добиете она во што верувате – а не она што го посакувате, тоа за што чезнеете или тоа за што се надевате!" "Вистинската среќа е наш ИЗБОР, а не нешто што едноставно се случило." "Не мислете на проблемот, туку на решението." Морам да нагласам дека ова е една многу поразлична книга од сите други кои ги имам прочитано на оваа тема и благодарение на неа во мене почна да се развива нешто ново и возвишено. Таа за мене е уште едно парче од мозаикот на мојот таканаречен живот. Тука ја спознав и пред сѐ почувствував магијата и силата на убавиот збор ЉУБОВ и вистинската моќ на афирмацијата. Затоа сакам тоа да го споделам со сите вас и преку оваа статија да овозможам патека на светлината и љубовта до вашите срца и души.
Спојлер Завчера ја почнав, вчера ја завршив. Must read e. Денес оваа ја читам. Кратка е. Планирам денес и да ја завршам.