Еднаш во животот- Кети Кели. Други од библиотека што ги земав се Крила од Даниела Стил, Сложувалката на Парсифал од Роберт Ладлам, не знам како книгава до сега не ми паднала во раце, паднав во несвест кога ја видов Потоа Луѓе и момчиња-Тони Парсонс и Повик од Џон Гришам
Крила од Даниела Стил мене не ми се допадна кој-знае колку.450 страни без никаква приказна и заплет...
Под мермерно небо - денес ја почнав. Луѓе што е ова со насловната страница? Две леви раце и’ ставиле Браво за фотошоп генијот, барем ме насмеа
Моментално ја читам, Девојката со тетоважа на змеј, од Стиг Ларсон,прекрасна книга. И во план ми е да ја прточитам целата трилогија.
Јас моментално читам книга од Линвуд Баркли. Се вика "Без збогување". Трилер е и премногу ми се допаѓа. Буквално те тера да не ја оставаш, да ја читаш цело време. Премногу сум задоволна, така да ја препорачувам на сите кои уживаат во ваквиот жанр, задолжително да ја прочитаат. Позз