Мислам корицата зборува се, ама баш ми се читаше нешто овакво. Па и ме смееше наглас, ептен ми легна периодов.
До половина сум Скај,добра е ме бендисува ,трилер психолошки ,ама има убави описи бидејќи дејствијата се одвиваат на Фолкландските острови,мислам ќе ти се допадне ако сакаш трилери,ќе пишам подетално кога ќе ја прочитам ...
Не сакам баш... ама можам да ги читам. А ова ја издвоив дека видов препорака, ептеееен демек била добра, не класичен трилер. Ти си "делумно крива" што се заразив со Шафак, тој жанр ми е погоден, а трилерите онака. Добро, фала ти
Спојлер: Little black lies Мене ништо толку посебно не ми беше книгава, Шерон Болтон има многу, многу подобри трилери. Бавна, монотона, развлечена до немајкаде...3 ипол, преку сила (на "стара слава") би дала оценка 4. Жити приказната за китовите и крајот што е стварно интересен, ама дури стасаш до него богами ќе се изнамачиш. Целата книга ми беше онака, просек. Мајка ми пак, ја обожава, најдобра книга и била за 2018. Значи кој како, ако мислиш дека ќе ја биде, читај ја. Мене нешто ми фалеше за да биде одлична. На темата, ја почнувам денес новата за book club-от: An Anonymous Girl од "дуо авторки". Не можам да им ги запаметам имињата на овие две.
Девојката со тетоважа на змеј - Стиг Ларсон Спојлер: КОНЕЧНО Конечно ја имам трилогијата „Милениум“ во раце... Оддамна сакав да ја прочитам, се радувам на следниве недели исполнети со вртење на возбудливи страници
Да не беше иста сликата немаше да претпоставам дека се работи за книгата Before we were yours. Многу ми е без врска кога насловите на книгите на македонски ги преведуваат во нешто што нема врска ниту со оригиналниот наслов, ниту со книгата. Што му фала на наслов Пред да бидеме ваши/твои.