Девојката што си играше со оган - Стиг Ларсон Спојлер: *** Продолжувам со трилогијата Милениум... Ми се допадна првата книга „Девојката со тетоважа на змеј“, нооо имав чувство на веке прочитано! Изгледа сум претерала со читање на скандинавските писатели и нивните трилери
Ништо немам прочитано од Браун, не знам зошто. Пред неколку години ставив некоја блокада кон него, и тоа не се сеќавам зошто. Не знам ни што жанр пишува? Мистерија?
Криминални романи, најчесто се опфатени случки поврзани со разузнавачки служби во Америка. Добар писател е, има стил и пишува на високо ниво. Конкретно, дејството во книгава е насочена кон една машина, не се сеќавам веќе на сите детали, ама знам дека на крај треба да ја уништат
Од него ја имам прочитано само Кодот на Да Винчи. Мене ми се допадна бидејќи е богата со факти од историјата на уметноста. Можам да забележам дека и оваа книга е со разрешување на некоја мисија во која се опфатени кодови, криптографи, лингвистика... Мене ме интересира, како ти се допадна Копилето од Истанбул?
Ми се допадна многу. Од Елиф имам прочитано 4 книги и сите ми се допаднаа. Нејзиниот стил на пишување ми легна, доста информации, многу убаво доловува ликовите, Турција, менталитетот, опширно пишува за темата која обработува. Одлична ми е. Од сите нејзини досега прочитани книги за нијанса би издвојила романот Чест, ама и сите други, како и Копилето од Истанбул, ми се убави. И наравно планирам сите нејзини да прочитам