Се извинувам толку доцна што враќам. Јас не можам да се наречам љубител на книги бидејќи во скоро време почнав поредовно да читам, но конкретно оваа навистина многу ми се допадна да имав повеќе време сигурно во еден ден ќе ја прочитав. Но има доста вулгарности и грозни делови што мене лично не ми сметаат.
Не е до преводот, ниту лош скопски дијалект, самата книга Стајнбек ја има напишано на разговорен дијалект на ниската работничка класа, и практично е невозможна да се долови во било каков превод на друг јазик, а ако се преведе литературно, се губи голем дел од духот на книгата, исто ко во сите преводи на пример од Буковски. Ни вака, ни така не е. Најтопло препорачувам да не ја пропушташ никако, на англиски само, ја има во пдф на нет. Јас да не бидам офф:
Баш ова сакав да го пишам apropos Штајбек. Некои книги губат многу ако се преведуваат на литературен јазик. On: 4.5/5