Уште една, со еден збор наречена ПЕРФЕКТНА книга од омилената писателка Џули Џејмс. Женава пишува одлични романи.
Независно, работа на лекторот е да направи корекции во текстот. Наидов на премногу печатни, правописни и граматички грешки, кои го одземаат вниманието.
Штета. Страшно колку не се грижиме за преводот. А стварно е уметност, и задоволство е да читаш убав превод. Уживам кога читам убаво преведена книга, природно, како на македонски да е и оригиналот пишуван. Штета, стварно штета
Офтопик: конкретно за Култура, веќе неколку години наназад вадат книги со катастрофален превод, полош од оној на Матица. Само Ѓурѓа може да се „пофали“ со најкатастрофалните обработки (ако така би се нарекле) на одредени класици. Мило ми е што конечно свесноста се буди за неквалитетот што одредени издавачки куќи години и години масовно си го пласираат на пазарот, без никаков срам и перде. Он: Вечер ја почнувам.
@Novecento а кои имаат добри преводи? Јас од Три читав последно, ама од германски. И супер беше преводот.
Три се ок, но има одреден „вал“ каде се осеќа мал пропуст. Но е далеку од онаа гореспомената катастрофа. Арс Ламина имаат солидни преводи. Исто важи и за Антолог, Магор Икона и Полица. Од најдобрите би ги издвоил Табернакул, Или-или, Темплум. Од Сакам книги не знам како стојат. Но по она што го имам прочитано по интернет, не се толку лоши како погоре споменативе.
Од Полица ја имам "Сонуваат ли андроидите електрични овци" и ме разочара, дури имам намера на англиски да си ја купам уште еднаш затоа што тотално не ми прави никакво задоволство. Изгледа како ќе се погоди... Од другите не знам што имам... Најмногу заради преводите избегавам на македонски да читам веќе
Ја имав таа аверзија додека не престанав да бидам ептен "nitpicking" Факт е кај нас дека имаме релативно слаби издавачки куќи кои или се сконцентрирани на одредени наслови со некаков квалитет, или се распространети на повеќе тематики со послаб превод. Мислам дека сето ова е поради слаби ресурси/недоволен број на работна сила која е слабо платена. И јас купувам книги на англиски, но има одредени наслови кои се покомплексни (одредени класици) и нив ги барам ако ништо друго, издадени од предтранзициониот период во Македонија.
Девет хорор раскази, некои со нешто посреќен крај, некои не, и единствено таа љубопитност ме намами да ги дочитувам до крај. Овде важеше онаа, крајот делото го краси.