Spoiler Те молам кога ќе ја завршиш во другата тема пиши некој краток осврт за книгава. Ја имам дома, ама не знам дали да ја почнам, импулсивно ја купив за време на еден попуст, па... Мислам дека Џејн Харпер ќе ми стане омилена авторка на трилери.
Некаде кон крајот сум и дотука е предобра. Не очекував да биде толку интересна, има многу ликови, нивните приказни се испреплетени и при мноштвото перипетии никако не здосадува. Како на филмска лента низ страниците се чувствуваат деведесеттите, историските спектакли за древниот Египет, хорорите за опседнати куќи, духови и истражувачи на паранормалното, но и готик вампирска класика. 5/5