Прекрасни коски - Алис Себолд... Спојлер Книгава ме тера да се запишам на карате - онака за секој случај... за самоодбрана.
RainBow пред некој месец ја прочитав книгава и многу ми се допадна. Таков расплет на дејството не очекував!
Баш почнав да ја читам Рајот може да почека и некаде сум до 50 страна. И јас нели сега одма морам да се пофалам ама книгава навистина ме заинтересира, не сакав да ја испуштам од рацете. Ќе читав уште и уште и ќе ја завршев, зашто не ни забележував како ми прелетуваат страниците но имав некоја работа па морав да ја одложам. Дејствието е многу интересно, има многу ситуации проткаени со оној мал и невин хумор. Спојлер Јас искрено баш и не сватив како умрела девојкава, зар така лесно се умирало ама ај. Но, дејствијата во ' земниот живот ' и не ми се толку интересни, потоа кога Луси стигнува во предворјето и треба да избере помеѓу рајот и да биде повторно со нејзините родители и земјата за да биде со нејзиниот Ден, таа сепак го избира Ден. Но! Сепак постои некое но. Таа мора да изврши некоја, да ја речеме невозможна задача во рок од 21 ден за да може да стане дух и да биде повторно со Ден. Во меѓувреме, ја сместуваат на едно место каде што има и цимери кои исто сакаат да станат духови и исто имаат свои задачи кои треба да ги исполнат. Луси баш и не е задоволна со овој избор, и посебно не може да ја поднесе својата цимерка. Тие си кажуваат себе си како умреле и зашто стасале овде.. Паа, отприлика сум до таму некаде и се надевам дека ве заинтересирав да ја прочитате оваа книга со ова што ви го кажав. Кнгата е навистина интересна и за љубители на вакви книгички (чик лит) за пасење на мозок и слично, топло ви ја препорачувам!
^ синоќе ја започнав и кога гледам летнале 60 страни и денес цел ден со неа се влечкам по дома убава книгичка навистина
^Да? Еј баш ја имаше во библиотека, ама не знам зашто не ја земав... Ако ја начекам следниот пат ја зимам обавезно
Анѓели и демони - Ден Браун (ја прочитав, сум заборавила да ја пишам во темава) Инаку моментално читам : Непобедиво срце - Мир Јам
Јас да поднесам тука извештај Бев во лајбрери, ама леле немаше ништо асално, се изнамачив по полиците да ископам нешто што не сум читала. И еве што најдов: -Осаменоста на простите броеви. Ми се виде интересна, а знам и тука ја читаа некои феминки. -Агата Кристи- Кој ќе го фати бранот -Џејмс Патерсон- Дневникот на Сузана за Николас. А баш коментирав дека ќе ја земам книгава и одма ми падна во раце -Жената на патникот на времето од Одри Нифенегер. За книгава немам слушнато, ама нон стоп ја зимале и ја фалеле другите читатели, ап може да е нешто добро - И Сенка на сонот од Јован Дамјановски. Оваа ја земав бидејќи ја имам читано од истиот автор Диви магнолии многу одамна, ама книгата беше прекрасна и баш бев изненадена. Сега кога видов дека има нешто друго од него, одма си земав и оваа веднаш ќе почнам да ја читам
Алхемичарот...по долгите препораки се одлучив да ја земам и да ја прочитам и да видам што е толку сите што ја фалат
Ќе ја почнувам Ревизор од Гогољ не знам за што се работи и што всушност би значел ревизор во книгичкава ?
па книгата е добра ,но ништо спектакуларно како со кажуваат не дека не е добра да не бидам грешно сватена ама мене не ми ги исполно оцекуванјата кој знај колку