Нешто како "Сомнително лице" од Нушич е, слична . Е сега ако добро се сеќавам Ѓоѓољ ја има напишано пред Нушич, така да доаѓа нешто како плагијат тематиката е иста во двете книги .
Ја читам книгата "зошто мажите се женат со кучки" од Шери Аргов прекрасна книга, топло ви ја препорачивам феминки
Мене Ревизор ми се допадна повеќе од неговите раскази. Лесно читлива е, интересна тематика, збрка наоколу, не е нешто за кое треба концентрација на високо ниво. Не знам што значи зборот, но јас го разбрав како инспекција нешто, надгледувач.
Жената на патникот низ времето. Книгава е Ја обожавам, ја љубам, ќе си ја купам да ми стои дома на предната полица, да си ја гледам секој ден во поминување. На 6 години Клер ја сретнува љубовта на нејзиниот живот, нејзината друга половина, сродна душа... Ама работата е што тој има 36 години и е патник низ времето... Приказнава е неверојатно имагинативна, наликува на научна фантастика, ама ако очекувате временски машини, ќе се излажете... Претставено е толку реално, ликовите се толку длабоки, ви се чини како да сте им во потсвеста... Како до сега книгава не ми дошла во рацете? Уште се прашував дали да ја земам...
Јас па ја зедов книгава и толку ми беше досадна,што веднаш ја оставив и ја вратив во библиотека.Можеби сум згрешила...
^ Малку оф топик, не знам дали знаеш, има филм и е доста интересен Спојлер а јас моментално ја читам Азбука и залутани записи од Иван Шопов. Млад, надежен и урнебеснo - креативно мрднат македонски автор.
Знам Трендафилке, ама по никоја цена не би си ја расипала претставата за книгата. Ми прирасна за срце и знам дека филмот нема да ми се допадне.
Агата Кристи-Кој ќе го фати бранот. Хммм, веќе некако досадна ми станува, стилот е ист, нема ништо ново да те изненади. Мислам дека ова ќе ми биде последната книга од неа