Се потешко наоѓам книги во библиотека. ретко носат нови, па само копам по полиците по пола саат. Не дека ми пречи, тоа ми е најомиленото место -Девојката од Багдад -Жена во црвено од Ејлин Гоуџ -Стаклената книга на уништувачите на соништа од Гордон Далкист. Ова е новела во два дела, поим немам за што е, ама ми се чинеше интересна. -Необичен заложник од Таласа Али. Книгава не видов дека е прв дел од трилогија, првиот дел од Рајска трилогија, вториот е скапоцен камен на Индија, а третиот Питач пред вратата. -Книга без наслоб-Автор непознат -И Мајка од Перл Бак. Овие ми се на листата на читање.
Моментално читам книга која се вика "Тешка измама". Авторот се вика Френк Талис. Книгата е трилер во спој со психологија и можам да кажам дека е доста интересна, брзо се чита, па топло Ви ја препорачувам на сите. Позз
Книги - колку читате и што преферирате? Моментално ја читам Победникот е секогаш сам од Пауло Куељо многу е добра..
Белата Кралица-Филипа Грегори.Книгата е авторката на Другата ќерка на Болејн и што можам да кажам освен дека книгата е фантастична.Колку ме фасцинира англиската историја, обожавам да читам за неа, а во оваа книга прекрасно е доловен еден дел од неа,просто ги голтам страните.Прекрасно.
Песто паста, храна на љубовта... На почеток сум, но можам да забележам дека станува збор за навистина “вкусна“ книга