Ќе направам само АХ... Мураками. Мачки и све измеѓу. Го љубам. Јас се навлеков на афрички автори. Половина од жолтото сонце, веројатно е преводот. Не се осмелувам да го пишам името на авторката зошто не знам како би било на кирилица - Chimamanda Ngozi Adichie. Ме фаќа на периоди и фази да се заразам со конкретен жанр, но и автори поврзани на одредена геолокација. Ем приказна, ем доста учиш за народот, културата итн да не должам, Афричките ми се периодов.
Леле колку тажна книга... Чимаманда Нгози Адичи ја пишува на нашиот превод - Половина Жолто Сонце (Матица, ама ок е изданието за чудо). И Пурпурен Хибискус е прекрасна. Ама Половина Жолто Сонце толку ме трогна што после ја испозајмив на 20 луѓе да ја прочитаат... и мислам дека нема некој што не ја сака таа книга. Ако ја немаш читано Животот и времињата на Мајкл К. од Џон Куци, ти ја препорачувам.
На англиски ја читам и еве што да кажам дрка три дена само воздивнувам гласно. Имаш право, Половина Жолто Сонце е, не видов дека е а, мислев the e. Хибискусот ја завршив уште зимата. Ја имаш за споделување во електронска верзија Животот и времињата?!
Не... печатено издание имам. Или Или е издавачот. Не ни знам каде се наоѓаат електронски, уште не сум почнала со нив.