Ја имам читано "Пурпурен хибискус" одамна, ми беше одлична, а сонцето не дошло на ред, но ќе ја побарам. @lunicka се надевам ќе уживаш. Он топик:
Фактички е лектира што у 7мо ја работи брат ми ама бидејќи ние не сме ја работеле, ме заинтересира и викам кога е дома веќе и ја ќе ја прочитам... Прво почнува со приказна за 9г дете и на старт мислев нешто детски е баш... Прилично е напната и со морничави сцени, не знам кој решил за 12-13г деца да е ама океј, брат ми се утепа од плачење на книгава, не можеше да ја дочита, па викам ај да видам шо е. Има моменти кога ептен ме натажи и мене иако не сум 12г... При крај сум, уште многу малку ми остана ама веќе го предвидувам крајот...
Мене ми се допадна книгава. Најубава од сите книги на Несбе што досега ги имам прочитано. Назад на темата Нешто поинакво од Агата, бар според мене. И интересно, мислам дека денес ќе ја завршам.
@Annath од каде купуваш книги на англиски? Каде има најголем избор? На темата, оваа ја почнувам денес.
Во Скопје во Академска книга има најмногу избор. Имам голем број книги на англиски купени од таму, ама порано купував од Матица и од Литература, првиве не знам дали уште имаат книги на англиски, не сум влегла одамна, а за вториве имаат сигурно, барем во книжарницата на улица Македонија. Сега не сум купила книга на англиски, освен од Амазон кога имаат поволни цени од долар-два, генерално ги симнувам, бидејќи читам на Киндл.
Ја почнав претпладне... ветува почетокот. Верувам дека ќе ми земе повеќе време бидејќи е обемна, ама одвај чекав да почнам да ја читам. Се надевам нема да ме разочара, барем авторот досега не утнал.