Почнав со Ана Каренина, ама до кај ќе стигнам - којзнае. Ништо не си ветувам, некако преголема ми делува, изгледа ќе остане за дочитување летово
За филмот Мемоарите на една гејша сакав да прокоментирам,нема врска дека не е добар, мене лично еден од најсличните филмови со книга што сум ја читала ми е баш овој. Така си ги замислував ликовите, сцените, се...мене ми се допадна и филмот и книгата. Иначе јас си ја купив денес Автобиографија на една љубов од Александар Жарден и почнав да ја читам...ама енос 10 стр прочитав така да неможам да коментирам за тоа каква е
Крпен живот .. за лектира ни е за во мај посовреме требало да ја почнеме оти е многу голема .. мене искрено ми е баш онака тапа ..
Необичен заложник. Па добра е книгава, не знам зашто се сомневав, интересен заплет има А и сакам вакви книги за британска Индија
Таласа Али е авторот. Всушност ова е прв дел од трилогија, Ќерка на пустината е втор дел, а Питач пред вратата е трет.
^Обавезно чекам впечатоци. Јас се мислев дали да ја купам, ама многу малечка некако, а не сум ја начекала во библиотека, ама ја имале
Сеуште не ја читам ама од вечерва ќе почнам да ја читам Кодот на Да Винчи. Сестра ми вели дека книгава ветува, вие што мислите?
Ветува, прекрасна книга, каде каде подобра од филмот...мене ми беше толку интересна што не можев да ја оставам додека не ја прочитав цела...Се сеќавам кога почнав ја читам истовремено спремав испит, после учење се фрлав на книгава..мене ептен ми се допадна.
Умрев од досада додека ја читав. Добро претерав, не е толку лоша, но очекував далеку поинтересна да е. Јас ја започнав и ја оставив летово бидејќи немав време, планирам да почнам пак со читање на истата. Многу си ја сакам оваа руска литература. Премногу! Кодот на Да Винчи мене лично ме внесе во светот на книгата. Доколку си верен христијанин, ќе наидеш на многу фрустрација. И да напоменам, ако не си ја читала Ангели и демони, ти препорачувам прво со неа да одиш.
Злосторство и Казна од Достоевски, прочитав 20тина страни и ништо не разбрав, се надевам дека ке најдам некоја скрипта на интернет.... Ако не ке морам да ја дочитам....
Ако ти е за школо, обавезно читај ја. Нема така лесно да се извлечеш на час кога ќе ја обработувате, особено доколку професорката обрнува внимание на тоа. Плус, една од клучните е за матура. Само, никако повеќе од 50 страни на ден!