Само што ја земав Финансиер од Драјзер, го знам стилот, па очекувам добро потрошено време. Одам да се фрлам на неа
Стаклената книга на уништувачите на соништата од Гордон Далкист. Книгава е интересна, мистериозна, но авторот понекогаш толку многу го тупи со безпотребни работи што едноставно ја убива мистеријата. Ама ај, ќе видам до крајот како ќе биде.
^Првиот дел е интересен мистериозен, ама вториот убива.Јас ја купив пред две лета и вториот дел од толку што е интересен сто недочитан...стварно ја тупи работата авторот и ја убива смислата на книгата, веќе се губи концентрација после првиот дел.
И јас ја читам таа мометнално. Не знам веќе какви емоции се не ми поминаа низ телото, возбуда, вџашеност, разочарување, надеж, одвратност..... Не можам да ја оставам.
На листата: - Питач пред вратата. Ја најдов Одма почнав да ја читам - Сара од Марек Халтер. - Бегство од Харемот од Фишер - Розата на Севастопол од Катерина Мекмехон - Ловци на среќа од Харолд Робинс. Оваа имала втор дел на српски и тешко се наоѓал, ама ај може ќе имам среќа - Дебитантка од Даниела Стил. Се разочарав од коментарот на Совршенство за книгава...
само што почнав да ја читам Читачот од Бернхард Шлинк па ке видиме каква ке биде понатаму, едвај чекам да дојде саемот на книга и да си купам неколку книги на попуст
Виножитке повеќе очекував и јас се разочарав не е ептен тапа, но е прва книга од Даниела Стил што не ме воодушеви. Прочитај си ја онака рекреативно Чекам коментар за Бегство од харемот од Фишер
Кажав предходно дека ја читам Автобиографија на една љубов и по се изгледа уште многу време ќе ја читам СЕ РАЗОЧАРАВ за џабе потрошени пари, да ја бев земала немаше да ја дочитам ама со оглед на тоа дека ја купив морам. Не е добра книгата не те заинтересирува да ја читаш, ја тупи авторот без веза....
ловци на срека од Робинс ,како се вика во оригинал.Оти некои негови книги може да се најдат во електронски облик.