Сара-Жени од Библијата од Марек Халтер. Навистина интересна приказна за животот на Сара од детството, па се до староста. Ме маѓепса приказнава, за жена која си го следи срцето... Интересни се овие книги за жените од Библијата и за Магдалина и за Сефора...
Девојчето од Шестата Месечина - Муни Вичер Многу ја форсираат книгава во Наш Свет, па ај да видам што чудо ќе беше. Инаку, ги имам и останатите три дела
Книгава ме маѓепса. Приказната е прекрасна, толку интригантна. Мариела оди да го најде својот болен свршеник во Италија. Оди кај него со копнеж, тој е љубовта на нејзиниот живот, а верува дека и таа е неговата. Го наоѓа болен, несвесен за тоа каде се наоѓа. Но кога ја здогледува страстно ја зема во прегратка, усните им се спојуваат во толку долго-очекуваниот бакнеж... Но за една секунда, со еден збор, се се уништува... Мислев дека никогаш нема да те видам, Розо моја, и вели тој бладајќи... Мариела се вџашува. Роза?! Па Роза е нејзината братучетка која не се поднесуваше со него... Но по се изгледа не било така. Уф, едвај чекам да ја дочитам книгава, има многу мистерии за откривње.
сега почнав да ја читам ПС.Те сакам ми изгледа како добра книга , некој ако ја има прочитано нека ми ги истакне своите мислења за неа
Јас ја имам читано да добра е ама не ми беше нешто ептен очекував повеќе, а инаку моментално т.е од утре почнувам
Совршенство, ги голташ книгите, м? П.с те сакам е добра, ама не е нешто посебно. Јас не сум ја дочитала Розата уште, немав баш денес време, утре ќе ја завршам, ама се опседнав со книгава. Така потсвесно си размсилувам за содржината, каде би можела да биде Роза? Што навистина се случило? Па си правам некои сценарија Треба да одморам некое време од книгиве, инаку ќе станам и јас лик на некоја
Е Виножитке па и треба да одмориш од книгиве мислам дека нема девојка што ти е рамна во читањето А инаку многу ми се интерсни книгиве иако се нереални ама и јас да ги дочитам и правам пауза за недај Боже и јас да се повампирам
Харолд Робинс-Ловци на среќа. Книгава почнав да ја читам со сомнеж, ама испадна интересна. Во тотална спротивност е од претходната(Розата), па ми дојде како culture shock Брзиот живот, славата, парите, желбата за моќ го менуваат човекот...
Дервишот и смртта... прекрасно дело во кое се опишува смртта како таа преставува бесмислен страв на луѓето од неизбежното
Стилот на кој пишува Пауло понекогаш е многу неразбирлив а на моменти и досаден. Еве јас од оваа книга баш и немав никакви импресии точно се разочарав