Прочитав неколку рецензии, доста тешка тематика, на 3 пати бев да ја купувам книгата и се враќав со други книги, не знам дали сум спремна но ќе ја читам. П.С. видов на група на ФБ бираа корица за книгава, веројатно ја преведуваат и на македонски.
Ја преведуваат да. Јас на англиски ја прочитав, долго бев под импресии, тешка приказна . Јас годинава решив да читам серијали и почнувам со Каризи.
До 60 страна сум, до сега ептен е добра, држи внимание и не можам да престанам да читам. Дали се Литература добри со преводите, ваљда нема да ја искасапат книгата?