Моментално Добра е? Ја имам и оваа и Ten thousand doors of january, не ми дошле на ред иако ми се допадна кратката содржина. Fantasy ми е омилен жанр покрај историска фикција, ама тешко наоѓам книги што навистина ми се допаѓаат.
Приказната е интересна ама книгата е пишувана во многу поетски стил би рекла, како постојано да има рима. Во клубот баш дискутиравме многу ни се поделени мислењата, дел ја прочитаа одма, на дел ич не ни оди, вклучувајки ме и мене. Вообичаено брзо ги читам сите книги ама со оваа не можам. Така што не знам како да одговорам дали е добра А и другата книга ја имав симнато, ми изгледаше интересно ама после оваа не знам дали ќе се нафатам да ја читам.