Моментално читам Ова мое срце од Сузан Елизабет Филипс. Наредно се спремам за трилогијата казна за гревот
Само што ја завршив книгата која е феноменална, ама филмот стварно ужас. Мислам и @Billy Idol спомна дека е лош, навистина се разочарав. Ќе и дадам шанса на серијата
Никогаш не гледам филм откако ќе исчитам книга. А јас гледав филм без да ја читам. Ќе ја читам и јас ондак.
Се малтретирам уште со Сестрата на сонцето- Лусинда Рајли. Или читачка криза ме фати или напорни се многу?
На пола ја оставив, ми се допаѓа стилот на пишување на Лусинда Рајли и мислам дека има многу поубави книги од Сестрите, ама приказните ми се веќе видени, слични се. Сенки од минатото, Куќата на орхидеите, Маслинката ми се предобри за разлика од Сестрите.
Слични многу и предвидливи. По ред ги читам, ќе ја завршам од инает ама ќе правам пауза од Рајли подолга. Читани ми се Полноќна роза и Куќата на орхидеите, добри се тие ама по ист принцип се сите нејзини книги мислам.
И Полноќна роза ми е добра. Инаку ти ја препорачувам Колин Хувер, Али Мартинез, Фицек (ако сакаш трилери) исто и Сара Џио. Исто и Софи Кинсела ми е одлична, лајт книги.
Трилери ми се омилени ама одмарав малку со полесни книги. Фицек ми е во план после оваа, Терапија ми беше одлична.