Патник 23 му е одлична, исто и новата Страв од лет 7А, исто и Пакетот. И уште Тес Геритсен и Линвуд Баркли и Лиса Гарднер ти ги препорачувам за трилери. Што и да одлучиш нема да погрешиш.
Изминатиов период од три,четири месеци ја прочитав цела тетралогија од Разговори со Бога на Нил Дајмонд Волш и уште две негови книги под име Дома со Бога и Што рече Бог, чии цитати ги користи во објаснувањата на појавите,настаните од тетралогијата со цел да ја објасни теологијата односно разбирањето на Бога.Ова е нешто фантастично,уживав во книгиве и ако има некој кој прочитал бар една од нив би било супер да си размениме мислења.Книгиве секој не може да ги прифати и содржината во нив ама на кого му имаат смисла ќе му го изменат животот на подобро.Ослободува од стравови,ограничувања и воопшто не е некое религиозно наметнување туку е филозофска и е бестселер со право.