ја имам дома оркански висини и незнам дали да почнувам д аја читам ...интересна ли е ? за што се зборува /
Животинска фарма е многу добра книга, невидени алузии има Од Николас Спаркс вреди да се прочита? Мене некако ми го тупи многу, како да немаат поента книгитеот останувам со мислата дека залудно сум го потрошила времето.
Преубава книга е,за бесмртната љубов меѓу Кетрин и Хитклиф.Не ти откривам ништо повеќе,ќе се изгуби магијата,ти ја препорачувам.
Играта на анѓелот-Зафон Очекувам многу и знам дека очекувањата ќе ми се исполнат затоа што Зафон ме остави без зборови со „Марина“...Жал ми е што ќе морам да ја оставам на неколку дена поради испитите
Дајте бе луѓе, сте ги поредиле ова насловиве само, па не е интересно така за читање. Пишете мислење, ви се свиѓа, не ви се свиѓа, ќе ја читате понатаму, содржина, нешто... Јас ја читам Сефора од библиските жени. За Сараи приказната беше некако поинтересна, неми беше до толку позната. Ама сепак, вреди да се прочита, Сефора... Црната жена на Мојсеј.
Земав да ја читам Патетична симфонија -Клаус Ман.Романсирана биографија за Чајковски,не ми се баш допага ама ќе видиме понатаму п.с.сакав да ја земам од библиотека Автобиографијата на Клаус Ман,но таа ја давале за читање само во библиотека
„Музика и тишина“- Роуз Тремејн. Книгата е точно како за мене. Топло ја препорачувам. Дејството се одвива некаде во 1629 година. Исполнета е со описи од тоа време, толку точни, прецизни, мислиш таму се наоѓаш. Има некоја мистична нишка, просто магична.
Музика и Тишина е препрекрасна книга. Една од моите омилени. За жал Бојата на златото исто од Роуз Тремејн тотално ме разочара, а очекував и повеќе од ова дело. Ама како да не го пишувала истата авторка.