На средина ја оставив Клучот на Сара, некако немам желудник за таква книга во моментот, а богами и годината поради стресот со вирусот. Порадо би читала нешто не толку,, богато" ама позитивно отколку богато ама . Оваа вечер земав оваа да ја читам, ако наидам на негативности ја оставам и оваа, а многу мразам книга да оставам недочитана.
Азилантот... Сеуште ја читам, впечатокот ми е 3+/5 Секогаш кога читам книга на која што не пишува "бестселер" не се надевам на нешто прејако... но, книгава не ме разочара. Се надевам расплетот ке биде интересен
Јас од Памук почнав со оваа и ја оставив.Искрено не ни памтам зашто и за што се работеше.После ја почнав бела тврдина и неа ја оставив.Долго не го читав до сега кога ја читам музеј на невиноста и ми се допаѓа ептен.Сега му ги симнав на пдф се што се наоѓаше од него на српски
Супер е книгата Музеј на невиноста од Памук.Пред тоа имав две негови проитано ама не ми идеа.Можеби за мој вкус можел малку да ја скрати.Ете само тоа.Кои ти се читани тебе од него?