Мене таа ми е наредна за читање. Сакам книги и филмови инспирирани од вистински приказни. Какви се впечатоците? Да ја завршам од Нора Робертс прво.
Ова ми е прва книга од Господинов, ама планирам да ги читам за брзо и другите. Пишува со едноставен стил, но слоевито, секојдневни ситуации, но со длабока порака, без патетика, но се чувствува тага. Ако сакаш несекојдневни книги кои не се во некој шаблон ти ја препорачувам. Јас ја оценив 5/5.
Не. Не ни знаев дека постои и како функционира, сега прогуглав Го користам секое слободно време да читам, но претежно книги во хард копи. Најчесто знам само да дадам субјективно мислење дали ми се допаднала некоја книга или не, но не сум за некои подлабоки дискусии