И јас ја читам книгава. Прва ми е од него, прочитав некои 20тина страници и веќе ме лазат морници Пред оваа ја читав What Alice Forgot, но ја оставив, не ми легна. Форматот на книгата беше многу лош со рандом бројки расфрлани низ страниците кои многу ми сметаа. А и се нервирав, повреда на глава си мисли дека е 1998г. и доктор не дојде да ја прегледа, не знам можеби јас многу очекував. Можеби ќе и се навратам пак, ќе видиме.
Морав неколку пати да ја оставам, за да земам здив од бруталностите и суровоста на суштествата кои себеси се нарекуваат луѓе. Одлична книга која секој треба да ја прочита. Книга која ќе ви помогне да сфатите дека треба да бидете бескрајно благодарни за се она што го имате и дека покрај се, вербата е она што секогаш ќе не движи само напред.
Колешке многу си брза? Јас на средина сум ама тешка ми е на емоција, а сепак убава. Феминкиве да ја читаат знам дека уште поемоциоално ќе ја доживеат сепак женска емпатија е.
Читај ја Волга, волга од Јерговиќ, маестраелен е. Ја имам читано и Рута, но повеќе ми се допадна Волга.
Одамна ќе ја завршев, да не беа празниците Инаку емоција или имаш или немаш, а приказната е таква што и да беше главниот лик машко, импресиите ќе беа исти... Сега ја читам "Безбоен Цукуру Тазаки и неговите години на аџилак"- Харуки Мураками