... извештаи од сметки... и си велам - ова дефинитивно не спаѓа во “Литература и уметност“. Заминав во “Здравствени проблеми“ чаре да барам.
Внимавај што посакуваш-Александра Потер. Се разочарав од Мојот господин совршен, ама викам ај ќе и дадам уште еднаш шанса на Александра, кога веќе ми е тука книгава. Сега засега ми е океј, ќе видиме за понатаму
Роденденски приказни од Харуки Мурками оваа книга ми ја донесоа за роденден, вчера почнав да ја читам и многу се интересни расказите
Е ова е веќе голем подвиг. Треба подолго време, јас ги читав со паузи измеѓу деловите, но среќна сум што имав волја за Пруст. Останува за цел живот.
И јас кревам високо раче како фан на Марсел Пруст, . Автор вреден за почит,баш добив инспирација да побарам да читнам нешто од него електронски,благодарам девојки,ќе пишам ако пронајдам нешто скокотливо за имагинацијата,де, .
Теодора ги имаат во библиотека кај нас, и ги даваат без проблем бидејќи никој не ги бара Е сега им фалат некои делови (вториот колку што се сеќавам), ама не е проблем да се читаат и посебно како одделни целини.
Ливинг, се отпишав од нашава библиотека, па не можев повеќе, во старата барем сама си бирав книги по рафтови, вака се‘ што ќе побарав од поново издание- стандардно го немаше, сами ќе ми донесеа некои наслови 90% прочитани, а другите 10% немав интерес да ги читам, па откако 2-3 пати ќе им ги одбиев предлозите веќе добивав вакви фаци , па во интерес на моето и нивното здравје се отпишав, . Сега сум осудена на електронско читање, .
не си единствена осудена на читање од компјутер.Јас стари изданија земам од библиотека ,но нови што ги нема кај нас или ми се скапи ги читам на компјутер.
„Големиот Гетсби„ - Ф.Скот Фицџералд, ми се допаѓа почетокот, претчувствувам дека ќе следи интересен заплет, а воедно и стилот на пишување ми остава многу солиден впечаток, ветувачки, .
ееј, дали некој ја има читано крив правец? преубава, живописна и малцепостара ама истовремено толку современа...јак е
Најверојатно само што си ја почнала, зашто и јас моментално ја читам и веќе стигнам до дејствието на второто убиство. Интригантна книга, не можам да ја оставам, па ќе гои видиме крајот.
Моментално ја читам Идиот од Достоевски, и незнам зошто но книгата никако не може да ме заинтересира имам читано премногу критики за оваа книга и многу сакав да ја купам и да ја прочитам