Моментално читам -Александар Македонски- бидејќи ја зедов денес а ми е за утре (знам неодговорна сум) ако може да ми каже некој каде можам да ја најдам разкажана од Плутарх или од Жан Расин (ако може подобро од тој првиот ) фала од напред
Една професорка ми ја даде Новела за шахот - Стефан Цвајг Книгата е добра, но и досадна. Има преубави цитати во неа, поврзани со животот.
Полноќна Палата -Карлоз Р.З. ...вчера кога ја здогледав во библиотеката, осмех од уше до уше.Едвај чекав да се преведе некоја друга од него.Што да ви кажам исто толку добро како и другите, ја голтнав за еден ден, ми останаа уште едно 30-40 стр.Повеќе е во стилот на Марина(оти нели само Сенка на ветрот и Играта на Ангелот се романи за возрасни)оваа е дел од трилогија и е тинајџерска книга,но далеку е од глупа како некои други вакви книги.Ја препорачувам на сите обожавателки на прекрасниот стил на пишување на Зафон.Човекот е цар...мајстор.
Вчера почнав да ја читам Загубената ќерка од Дајен Чемберлен. Вака на почетокот убав впечаток ми остави, ме привлекува да ја читам, па за понатаму ќе пишам впечатоци
И јас ја читам таа,мајка ми вчера ја доврши и на крајот плачеше.Ќе видиме како мене ќе ми се допадне.
Во постела со демонот- Ерика Јонг. По двете да не кажам глупави книги на Александра Потер, книгава ми е феноменална, сега за сега. Жалам што не сум слушнала за оваа жена порано, но никогаш не е доцна. Досега буквално ме фасцинира.
Пред неколку дена, конечно ја дочитав “Фактор бифши“. Не сум многу воодушевена Сега ја читам “Го сакам Холивуд“ од Линдзи Келк. Многу е подобра од “Го сакам Њу Јорк“. Онака интересна е за одмарање и за повремено смешкање. Никако да се оттргнам од чик литературава, све такви ми паѓаат во раце во последно време
Јас сакам некои книги како фантазија. Моментално ја читам Надарени а после ќе ја читам Тајната на 8 нота