Игра со ѓаволот-Шерилин Кенион Интересна,за нимфи и богови,за осаменоста и повреденоста,благо зачинета со еротика
Русокоси со став, а инаку ги земав и Дамата и еднорогот од Трејси Шевалие и од Ким Едвардс Тајните на кралот на огнот. Немаше никаков избор, ама донеле нови книги, само ги обработувале, па немав среќа овој пат. Ама им реков да ми јават кога ќе бидат готови да поминам да си земам
Јас ја читав Менаџерот една минута,првата книга,4 се во комплет си ги најдов на саем од Кен Блачард и Спенсер Џонсон.Пред тоа ја читав ТАЈНАТА-ПРЕУБАВА МИ Е.А пред тоа Која е таа девојка на Александра Потер навлечена сум на книги...а наредна сакам да ја читам моќта на потсвеста...
Зошто што се мора? Затоа што е задолжителна за во училиште. Не треба да се гледа од тој аспект делото, Крпен живот е убава книга, за животот на нашиот,македонски народ. Мене ми е една од омилените, што анализа и дадов во средно и пак би ја читала. Инаку да си кажам ја почнав Полноќни спомени од Шелдон. Типично за Шелдон многу заплети, расплети и еден куп ликови. Одамна се зарекувам да не читам книги од овој тип и да се фрлам на нешто покласично, но ете случајно ми падна во раце, па ајде да не остане така непрочитана.
Невеста во Борџии - Џин Калогридис За почеток ми се допадна. Дејството се случува во периодот на ренесансата, млада девојка, Санча од кралско семејство е многу поврзана со нејзиниот брат. На нејзината 15-та година дедо и и татко и одлучуваат да ја омажат за синот на папата Александат 6. Борџии се стара шпанска лоза која успева во ренесансна Италија да стане најмоќно и најкорумпирано семејство претворајќи го Рим во вистинско змијско гнездо.