Не знам каде да пишам, на кој форум пошто сум нова, но може ли некој да ми каже која е поентата на преведувањето на книги од серијали ако се преведува само една или две книги. Еве на пример книгите на Лорен Лејн. Кај нас од серијалот Sex, Love and Stilleto се преведени само 1, 2 и 4 дел. За да ја прочитам и 3та книга се "убив" барајќи ја online. Сега баш следна на ред за читање ми беше Егзибиционистот од Тара Сју Ми и пред да ја почнам си реков ајде на Goodreads да си ја ставам во Currently reading и гледам книгава е 7ма по ред. Си реков можеби другите 6 дела излегле пред години па сега не се веќе во печат, ама нема никаква трага за други книги преведени на македонски од авторкава. Мене навистина не ми е јасно зошто ова го прават. Само нервози
Моментално ја читам Прослава од Дамир Каракаш. Кратка, интимна, а многу важна приказна за балканските војни. Сладок роман.
@Emotional123 ти завидувам со мало бебе што успеваш по толку книги неделно да прочиташ, син ми е поголем па едвај две неделно ретко три да ми се фатат да прочитам. А ептен си сакам да си читам, затоа и до касно најчесто останувам Моментално оваа
Сите не спијат ради бебињата, ја ради книги. А посебно и сега во изолација, имам вишок време, особено што едвај станувам од кревет, па уште да не ми се книгиве, ќе се мрднам. Денес ќе се дочита