Затоа што те љубам - Гијам Мисо, многу интересна не се пушта од рака. Поради тоа си ја купив и што би правел јас без тебе од истиот автор па да видиме очекувам да е добра како предходната.
Тајните на кралот на огнот-Ким Едвардс. Интересна е книгава, мислев дека ќе биде нешто тупаџиско како претходната, ама сум се излажала. Всушност, станува збор за 14 раскази, јас првиот го прочитав и пријатно се изненадив
Тереза Ракен - Емил Зола... Ја читав мнооогу одамна, ама сега ја доживувам сосема поинаку (Наредна чека ,,Јазбина,, исто од Зола, и тоа на српски )
Па што ако имам некој килограм повеќе - Мег Кебот. Ми се чини интересна, ми ја препорача библиотекарката. Ајде, ќе видам, уште не не сум ги прочитала првите 50страници, само што ја земав.
Питач пред врата-Таласа Али.Вчера бев до библиотеката да ја вратам книгата одлучена дека нема да земам нешто друго оти треба некој да учи за матура,ама како да не знам дека секогаш кога идам едноставно неможам да не земам нешто и ја видов книгава на полицата,одамна ја чекам да ја вратат и си велам само да видам за што се работи не ја земам и вртам позади и читам исто име имаме со хероината и велам ааа ја земам.И прочитав само 10 стр и тоа само кога заминувам во вц и од до сега читаното неможам да кажам каква е ама од тоа што го имам прочитано од овој автор верувам дека ќе е добра.
Има и втор дел? Морам да идам во библиотека обавезно, од матурава се затупев, немам прочитано ништо веќе подолго време
Ќе ја почнувам Пиреј од П.М Андреевски, што викате ќе ми биде интересна или да не ја почнувам воопшто?
Прееееееееееубава е Пиреј !!.. Прочитај ја и кажи ми ги твоите гледишта.. Можеби нема да ти се допадне на почетокот но верувај дека е многу убава и поучна исто така..