Ако ти се допаѓаат делата на Агата Кристи, ќе ти се допадне и оваа книга. Напишана е во многу сличен стил на Кристи. Ми се допадна, убав детален опис, баш се соживеав повеќе и посликовито отколку филм да гледам.
@crimson @RainBow споделете впечатоци откако ќе ја прочитате книгата. Ме интересира дали е оправдан хајпот
Мене многу ми се допадна. Крајот ми беше малку предвидлив ама и покрај тоа ептен уживав во книгата и е една од подобрите што ги прочитав периодов.
Nicholas Sparks - The Wish Back to basics Николас Спаркс откако бев тинејџерка може не сум го читала, не се сеќавам. До десет посто сум негде, не е лоша засега, па ќе видам дали до крај ќе премине во патетика, никогаш не е исклучено.
Како ти се допаѓа сестрите Романови? Добро ли е осмислена? Или кога ќе ја завршиш ако се сетиш и не е проблем пиши кратка критика. Се мислам и јас дали да ја купам.