Одлука - Никола Спаркс. За моменти на релаксација, малку поразлично од Правописот на македонскиот јазик.
Па и и уживав секако ја прочитав во еден здив а во меѓувреме си ја прочитав и странец во огледало од сидни шелдон и еве почнувам да ја читам прирачник за анти антиалкохоличари
Јас уште ја читам "Уличниот адвокат" од Џон Гришам Ја има ли некој прочитано "Полноќна палата" од Карлос Руис Зафон
„Три секунди“- Игор Крајчев. Почетокот е добар, но ми фали повеќе разноликост, гледање од различни агли. Многу хронолошки му се подредени настаните. Јас преферирам малку хаос.
Бев до библиотека денес, ама немаше ништо. Демек имаа добиено нови книги, ама кога видов Преведени се на Шелдон и Стил стари наслови и они тоа за ново го рачунаат. И на Мир-јам исто. Ги земав Засекогаш во срцето и Пасија според Кармела, колку да не се вратам празна. Ама стварно разочарувачки.
Моментално ја читам „Папата Јована“ прв пат и си се чудам самата зошто по ѓаволите толку долги години ја избегнував книгава ?? Преубава е !! А потоа следува „Сликата на доријан Греј“ од која исто така очекувам многу
Најнова ли е оваа од Зафон и каде ја има? Ги имам процитано досега сите негови што излегоа на македонски. Ме маѓепса!
Од синоќе почнав да ја читам А потоа од Гијом Мисо. Убава книга,прочитав околу 70 страни и мислам дека денес нема да ја оставам на мир
Многу е убава прочитај ја до крај, да не ти ја раскажувам, сите до сега што ги имам прочитано од Коелјо се убави книги.
Оу особено за вторава книга ти одличен избор! Оскар Вајлд е цар, а потоа откако ќе ја прочиташ погледни го и филмот, онаа последната верзија Ако си во можност би ти препорачала и на англиски да ја најдеш книгата, некои афоризми се најдобри во оригинал.