Да ја прочитам прво на македонски потоа ќе се потрудам да ја најдам и на англиски, а филмот сакав да гог ледам пред да ја проќитам книгата. За книгата да ме воодушеви Оти нели книгите се поубави од филмовите па си велам ако ја прочитам прво книгата па филмот ќе ме разочара филмот
Ја бев почнала Вероника реши да умре, па ја оставив и сега сум при крај, многу многу интересна книга .
Петар Пан во црвено- Џералдин Мекоркран Книгава е луда. Буквално! Ке ве однесе назад во детството. Ама мора да имате детски ум за да ја сфатите.
Моментално почната и оставена на почетните страни е "Ангели и Демони" - Ден Браун, но ќе биде прочитана за брзо време.
Почнав да ја читам Индиго Бомбај, конечно стигна на ред иако ја купив уште кога беше саемот. Ја гледам книгава, 400 страни, ситен фонт на букви, ама неверојатно е колку брзо ми одат страниците! Верувам дека за брзо време ќе ја прочитам, а следна на листа ми е Папата Јована
Јас моментално ја читам книгата Хари Потер и реликвиите на смрта од Џ.К Роулинг.. Ми се свигја книгата зашто сум и голем фанн на ХП..ЧД!
Никаде без ќерка ми-Бети Махмуди и Вилијам Хофер.Конечно стигна во моите раце,ја чекав многу време зошто сите примери од библиотеката беа земени и последниот пат кога бев и реков да ми чуват еден пример обавезно за кога ќе дојдам.Многу е добра книгата,повеќето од вас ја читале.Тажна,потресна,се создава многу бес и гнев во мене додека ја читам.
За љубителите на Гијом Мисо. Има нов роман Дали ме чекаш ?. Ја купив денес, а вечер почнувам со читање. За впечатоците-понатаму.
„Веронаука“. Мислам дека е од свештеник Диме Кочоски. И го пишува она што ми требаше да го знам и распознаам.