Не ми е ни завршена претходната книга со Хремот, ама времево како што е сиво, врнежливо, есенско ме тера да читам нешто supernatural, paranormal, fantasy, вештерки, вампири, самовили итн.. ептен сум mood reader,па почнувам со оваа книга
Книгава ми е нешто слично на оние на Хувер. Кој сака да ја чита неа, би ја препорачала оваа, убава книга е.
И јас сум во октомвриско расположение. Ми требаат тематски емоџиња ко тиква, вештерка, метла, котле и остало.
Навистина фалат многу емоџиња Туку сакав да речам дај предложи ја книгава во клубон за да ја читаме заедно. Мислам дека ги имам сите книги од овој серијал, не знам зошто ама сама не ми се зема да ги читам, жал ми е и за парите што ги дадов а и за книгите што ми стојат така П.С. Хремот што сум го пишала погоре е Харемот
Јас ја почнав вчера втората од prequels-от на Practical magic, The rules of magic - Alice Hoffman. Лани есента ја читав првата, и ми се допадна.
Од каде е купена? Ја има ли кај нас воопшто? Дали е преведена на мк? Се сеќавам дека ја читав како ептеен мала, основно бев и како да гледав серија пред себе. Беше баш од онје стари книги со сини корици и сега појма немам каде е книгата.
Јас ја најдов во pdf форма и така ја читав во српското издание. Пред повеќе од 7-8 години знам дека кај нас се продаваше и македонско издание, ама сега не ја имам никаде видено. И овде гледам ја нема сега на залиха. https://kupikniga.mk/product/grevot-na-nejzinata-majka-2/