Го сакам Њујорк, уште 20тина странички. Уф, убавко ми иде кога читам такви лесни книгички, ни тензија ни напнатост, не очекувам некој да испадне убиец/убиен... За мераци. Потоа преминувам на Го сакам Холивуд.
Љубов во време на колера - Габриел Гарсија Маркес - ми се допаѓа уште од старт само ме нервира што ми се јавува некое чувство дека морам да ја компарирам со Сто години самотија. И не ми е првпат кога читам книга од автор кој ме воодушевил претходно да заглавам во вакви компарации, наместо релаксирано да си се посветам на книгата. И секако ќе пишам впечатоци кога ќе ја завршам и се надевам ќе е скоро бидејќи Маркес сигурно е некој моќен маг бидејќи има такво дејство, барем врз мене, .
^Да ја земеш, прекрасна е книгата, немој воопшто да се мислиш за неа Јас оваа од српскава авторка не можам ни да ја дочитам, многу ми е хмммм, ко амерички стил, ама во српско издание. Ќе ја почнам другата Пасија.
Аеродромци, премногу ми ја фалеа, ама јас до сега немам некое позитивно мислење за книгава, туку имам ниско мислење и ич неубаво. Језда имам уште две драми за читање ама не верувам да сменам мислење.
Од неа многу ми се допадна Сета љубов на светот. Прочитај ја ако не ти е читана. И мене многу ми се допаѓаат нејзините книги.
Од Мари Луис Фишер скоро сите книги се убави и лесни за читање и баш поради тоа одма се и забораваат. Како Шпански серии ми се
Да ептен се лесни , токму затоа се мој чест избор , да ми се разбистри мозокот . кога ја читам како да бегам од секојдневието .
Моментално го читам хитот на ова лето - Рингишпил од Јелена Бачиќ Алимпиќ. Уште од самиот почеток се гледа дека е прекрасна.
Само што завршив со читање на Азбучните убиства од Агата Кристи и веднаш продолжувам со третата девојка исто од неа .... навистина приказната е напната до самиот крај.. имам читано и други крими автори но Агата Кристи дефинитивно ми е најомилена