Бели Ноќи од Достоевски. Што да кажам , главниот лик е створење кое ме иритира до дното на мојата коскена срж, но... ќе видиме до крајот.
Моментално ја читав Алтмановиот Код на Роберт Ладлам. Во лето сакам такви книги, со кои не се замарам многу. Ама тешко се пушта од раце....
Почнав да ја читам Слатка одмазда од Нора Робертс. Прочитав едно стотина страни интересна е до сега а понатаму очекувам да биде уште по примамлива.
Уметноста на Љубовта - Ерих Фром. Ја читам по втор пат, ја чита и некој друг истовремено, па кога ќе се врати, идејата е да ја дискутираме и веројатно - ДА НЕ СЕ СОГЛАСИМЕ околу нашите подвоени мислења.
Леле а бе срце невидено си!! Те и за ова многу!Фала ти најмногу!Не бе уживам на српски да читам..имаат посебен шмек книгите ..Фала ти срцка.
1000 неверојатни сонца од Калед Хосеини. Почнав да ја читам некаде кај 1 часот, моментално имам прочитано повеќе од половина, цела вечер се опседнав со книгава и не планирам да си легнам додека не ја дочитам
Вчера ја прочитав „ Страниците на нашата љубов “ - НИколас Спаркс. Многу убава книга , го имам гледано и филмот но во книгата преовладуваат поголеми чувства , се е подобро опишано. „Јас сум обичен човек, со обични мисли, што живее обичен живот. Не постојат споменици во моја чест, а моето име наскоро ќе биде заборавено, но јас љубев со сето свое срце и душа и за мене тоа секогаш беше доволно.“
Само што ја дочитав книгата и можам да кажам дека ме остави без здив! Ви ја препорачувам на сите да ја прочитате. Не е многу голема, околу 370 страни.