„Вероника реши да умре“ - Пауло Коелјо Денеска ја почнав, па рано е за целосен впечаток. Иако не се сомневам во ништо напишано од Коелјо.
„Демијан“ - Херман Хесе Еднаш лани почнав но не ја дочитав, и оваа година продолжувам. Несомнено добра книга.
Вечниот ветар од Горјан Петревски. Ууф, нешто по долго време пауза.. Ама да ви кажам право, не ми се допаѓа книгава нешто посебно, има Петревски и многу подобри книги од оваа, и некако не ми е негов овој стил на пишување.. Снеговите на Климентина Евин, Марта.. тоа ми наликува повеќе на него. До околу 100та страна се убивав бре од досада, потоа стана малку интересна, потоа пак досадничка, а сега е онака - ок, најпросечна. Па за целосни впечатоци ќе пишам во последна прочитана книга, кога ќе ја дочитам целата.
Моментално ја читам ''Мојот таен живот'' од анонимен автор. Не ми е воопшто интересна.Премногу вулгарности,но тоа и не е толку важно,колку што книгава ми нема некаква смисла.Таен дневник на некој човек од високата класа,за неговиот развратен живот. Ама ќе ја дочитам,а потоа на ред ми е ''Угурсуз'' од Сашо Тасевски.
Денес и зедов од библиотека Храна на љубовта-Ентони Капела и Ветерници на Боговите-Сидни Шелдон. Убави се?
Мене лично Храна на љубовта ми беше баш забавна и лесна за читање.Храната е детално опишана,па немој да читаш ако си гладна
Љубовен живот, ја читам и читам зашто ми е поклон, ама некако само се мачам ... не ми се допаѓа не ме влече ... можеби не сум стигнала до интересното кој да знае.
Денес ја почнав Тројца во кревет - Кармен Рид. Сега за сега е интересна, летна, лесна... Ќе видиме понатаму... Ја има некој прочитано?
Обавезно да ми кажеш како ти се допаднала, мене ми е една од омилените. Книгата е прекрасна, мене ми остави многу голем впечаток, а и ме стави во мисла за многу работи
Мене ми е една од омилените, и другите продолженија да си ги прочиташ Инаку, јас ја оставив Ќерката на тргоецот со коњи, не ми се допадна воопшто и почнав со Го сакам Њујорк од Линдзи Келк! Ги купив сите три, се надевам ќе ги исполнат моите очекувања!!
Се сеќавате на The Borrowers ? Оние мали човечиња кои крадеа т.е позејмуваа. Јас ја читам таа книга. The Borrowers на англиски е. Многу ми е интересна. Одмор за душичката