All That Is Mine I Carry with Me - William Landay Ја дочекав конечно, ќе ја почнам вечерва. Прикачена е во пдф во клубот ако некој сака да ја чита. Wonder - RJ Palacio Оваа ја почнавме со ќерка ми. Станува збор за Август, кој е роден со анималии и лицето му е целосно деформирано. Има десет години и треба да почне да оди во школо, а до тогаш бил школуван дома. Нема некој точен опис што е со лицето, повеќе оставено е на фантазијата на читателот. Ама, книгава е толку топла и емоционална... И толку создава емпатија, што немам зборови. Предобра е.