Порака во шише-Николас Спаркс. Тепам досада, не ми е нешто посебно. Многу романтики, да не кажам патетики. Ќе прочитам ли некоја добра книга аман веќе
Страници за нашата љубов од Николас Спаркс , ма да книгата не е ништо посебна дури и досадна ми е (можеби дека сеуште сум на почеток) а башка и начинот на пишување и лицето во кое раскажува не ми се допаѓа, но сепак ке ја дочитам до крај да видам зошто толку прав се крева во врска со книгата ја купив пошто со секој втор што ке фатам муабет за книги прво таа ми ја препорачува а и вака по интернет што читам статии/критики/коментари за книгата воглавно сите ја фалат,крајот ке каже..
Конкубината од Шангај , се надевам дека нема да биде залудно потрошено време. А само што ја прочитав Брида-Пауло Коелјо и не ме воодушеви многу во споредба со други негови дела, обично книгите му имаа некоја приказна, стилот на раскажување е тој само што немаше некоја содржина, ама и покрај тоа уживав додека ја читав.
Си го повлекувам коментаров. Прочитав неколку страници и не сфатив ништо односно имам доста непознати зборови: свапери, платица, плужица Ке ја оставам за понатака. Сега ке ја почнам Папата Јована - Дона В. Крос
Три жени од Марџ Пирси .. на пола книга сум и не сум нешто многу воодушевена.. незнам ќе видиме, оставам на крајот да покаже