Брутален е Крис Картер. Ја читав Ја сум смрт. И само таа од него. Ако имаш читано повеќе од него кажи ми ист ли начин на пишување му се? Вака по кратки рецензии не знам
@tanjita Ја прочитав Ловец, како вовед во серијалот, па сега оваа. Немам ништо претходно читано, ама после еуфоријата за неговото доаѓање на саемот решив да го читам, па ќе видам дали цел серијал или не.
Треба желудник за неговите книги, сите досега издадени книги се серијал со детективот Роберт Хантер, само различни случаи. Мене ми се допаѓа стилот на пишување, добро се вклопени приказните, само знае да е малку морбидно за читање. Лично ги препорачувам, сите ги имам прочитано, во оригинал. Фаворити ми се An Evil Mind и Hunting Evil, поврзани се, иако не се издадени една по друга. Првата кај нас е преведена како Злотвор, втората мислам не е уште, ама не сум сигурна. Авторот ми остави впечаток на прилично интелигента личност, впрочем, вакви книги секој не може да пишува.
Моментално читам книга завладејте со емоциите/ прирачник и припомош во проблеми со депресија, ментално страдање и слично. Што мене лично ми дава релаксација. Кажете ми дали има онлајн страна за продажба на книги која доставува во други градови и да се на англиски или шведски јазик. Дали има таква и каде може да се најде? Сакам да учам шведски јазик и да надоградувам на англискиот јаѕик преку читање на книги па ѕзатоа сакам да знам.