The Name of the Rose - Umberto Eco Претходните неколку книги што ги прочитав ми беа тотална утка, на раб на reading slump сум. Мислам дека ми фали нешто вакво да ме врати во колосек. Мрачна е, но хуморот е врв. Суптилно се провлекува низ редови некако, баш е доживување.
Па интересна ми е и познат ми е начинот на пишување на Еко, не се осеќав ко да треба да го издржам почетокот за да ми тргне.
Па ја мислев дека озбилно те интересира, така и ти одговорив зашто не се согласувам со неговиот став. А ти читаш нешто или си во „само да прашам“ фазон?
Само што ја завршив, и да бидам реална малку сум разочарана. Се едно исто а хипербола на макс. Интересна можи му е на некој (некој средношколец), ама не би ја препорачала. Искрено имав поголеми очекувања за книгата, не очекував да испадне на олку низок стил напишана...
Убава и е ама мене Вишнова хроника ми е најубава до сега. Не знам што направи со новата книга зашто уште не ја издаде
Прв пат читам нешто од авторкава и добра е за почеток, ќе ја имам предвид и Вишнова хроника. Последно има издадено во 2021, не знам на која книга мислиш.
И јас ја читав како за прва книга од неа ама во меѓувреме доби награда за роман на годината. Мене ми беше премногу депресивна книгата иако е добра и релна па отпосле ја читав вишнова хроника. Таа што е 2021 е пишувана за време на ковидот, а министерството и има одобрено средства за издавање на книга во 2023 ама еве уште ја нема издадено. Може чека да пројдат одморите.