Ова не се Ромео и Јулија - Ксенија Николова Ја добив поклон и планирам да почнам вечер да ја читам. Ај некој ако ја има прочитано нека каже мислење за книгава
"Вечерва и засекогаш" - Нора Робертс Ќе ја дискутирам кога ќе ја прочитам цела. Само можам да кажам дека е ептен лесна книга
Каде отиде љубовта-Харолд Робинс А кога ке ја дочитав оваа ке ја читам и Вероника реши да умре-Пауло Коелјо
Леле, леле бев во библиотека денес и начекав нови книги Се возбудив значи еј Еве го списокот: 1. Рингишпил, летниот хит на Матица, не ми се верува дека ја добиле, се испорадував и веднаш почнувам да ја читам. 2. Волшебникот-Џон Фаулс. За книгава слушнав прекрасни критики, а еве од позади каква критика има "Еден од ретките романи кои ве прогонуваат уште долго откако ќе ги прочитате". Е вакви романи обожавам. 3. Дејвид Морел- Тестамент. Оваа книга одамна сакав да ја прочитам и конечно ја добиле. 4. Исто од Морел- Прва крв 5. Заканата Мефисто- Е.В.Симор. Вака стои на насловната "Заборавете на Бонд, заборавете на Борн, запознајте го Пол Толис".
Виножитке многу е уба Рингишпил. Јас ја прочитав. Ја зедов „Алхемичарот“ од Пауло Коељо. Вечер почвам со читање.
Исто. Се' уште сум некаде околу 80-та страница и не сум нешто посебно воодушевена, но според позитивните коментари кои ги имам читано за оваа книга верувам дека понатаму пријатно ќе бидам изненадена (за тоа, подоцна).