Братството на Ружата- Дејвид Морел Конечно се ослободив и седнав да ја читам , оваа книга е прв дел од триологијата за шпиунажата.....Уште кога ги прчитав првите страници си ветив дека ке ја прочитам целата триологија. Засега не можам многу да коментирам ,дејстото е доста заплеткано , би ја сместила во еден од најдобрите трилери кои ги имам прочитано ........ Топло ја препорачувам
Ја започнав Рингишпил од Јелена Бачиќ Алимпиќ, па ќе кажам впечатоци. Малку прочитав околу 50 страни, брзо се чита, лесно разбирлива.
Ајде ако сакаш пушти ми имене линк од оваа книга Инаку јас само што ја зедов оваа немам почнато да ја читам а сите кажуваат дека е добра...
Моментално ја читам Портата од кафезот од Кејти Хикмен, ја почнав со многу ентузијазам ама заглавив на пола, стана монотоно дејствието
Еј ја имам оваа,стварно е добра! Прочитај ја,верувај нема да биде трошење на време А за Демонот ќе ти ја дадам страницата,ама на хрватски е,се надевам нема да биди проблем.Само влегуваш,го пишуваш името на книгата и ја симнуваш. http://www.baneprevoz.com/ Вчера си симнав 3 од Коелјо и многу сум радосно
Моментално ја читам "Венчален кум" од Мет Дан. Лајт книгиче без многу филозофии и лесно за читање, со интересни погледи на мажите за жените
Koj здипли моето сиренце-по којзнае којпат,ја обожавам Потоа во план ми е да ја почнам Алиби-Сандра Браун
Под мермерно небо-Џон Шорц Вечерва ја почнав, со тешки маки ја оставив. Сега ќе си легнам да дојде побрзо сабајле да можам да читам Конечно најдов книга по моја мерка, а приказните за муслиманските обичаи, културата, и најмногу за муслиманските жени ми се особено привлечни за читање.
Девојката со портокали - Јустејн Гордер Малку ме нервира типов. Еднаш земав да читам нешто од него и беше ужасно досадно. Светот на Софија, како можев да ја заборавам. Малтретирање. Не сум љубител на тешки филозофии и тумачења на космосот, ме замара тоа. Ептен оти ми е поклон книгава, па ќе ја прочитам. Моментално сум на 23 страна и се надевам дека нема да се зацапа во тупење понатаму. Сега за сега е океј, ако продолжи како дотичната Софија горе, ја оставам.