Многу е бавна и долга, ќе ми земи 2 месеци да ја прочитам, среќа најдов аудио на јутуб па кога сум на работа ќе можам да ја слушам и да ја завршам побрзо.
Агата Кристи ја бирам кога не знам што друго да читам. Со нејзините книги пораснав, и секогаш е добро да се вратиш на веќе познат стил. Пред малку го завршив и филмот направен според книгава "A haunting in Venice", ми се допадна. Само што книгава не е баш иста со филмот, освен некои детали. Барем до кај што сум стигната со читање.