Го освежувам италијанскиот.. *** Првата „Светот ќе заврши во петок“, почната пред многу години, никогаш не ја завршив. Ова е италијански превод на класикот... Намерата беше да читам нешто на италијански, ми се допадна сижето, а изборот на книги беше мал. .. Купена некаде попатно, на несоодветно место, некаде на застанување додека чекам воз. Џенова? Којзнае.... Многу ми се допадна. Соодветна за сегашните предапокалиптични времиња. Ме чуди како толку години ми се „метка“ низ глава, ситуациите, ликовите, ме опседнува ... Имам чувство ако не ја завршам вечно ќе ме опседнува и дека светот нема да заврши во петок туку во недела... „Everyday is like Sunday!“ нели.... Втората, „Вимблдонскиот стадион“, препорака на еден пензиониран професор од Сорбона, беше повозрасен човек (можеби не е ни меѓу живите сега...Не можам да се сетам на неговото име! И тоа ме нервира)... Зборува за бесмисленоста и невозможноста на пишувањето... Писател пишува книга што никогаш не ја допишува... Книгата е преведена, размислував да ја купам, и тоа неколку пати, ја разлистував, но не ја купив. Отсекогаш ми беше предизвик да ја читам во оригинал. Или, барем така се залажував... Книга за бесмисленоста на пишувањето што никогаш не се прочитува... Соодветно! Можеби ако го кажам тоа тука ќе престанам да мислам на нив дури иако не ги завршам... ...Ми стои во Киндл... *** Можеби едната да ја читам пред спиење за да не блеам во екран, а другата додека правам кардио на степер... Којзнае... Многу текстови, а животот прекраток...Барем ги мислам, со години, додека чекам светот да заврши во недела, или во петок...
Мене предобра ми е. Ептен занесна за читање. Но ова секако е индивидуално. Ако нејќеш руски класици, нема да ти се свиѓа. Доста е долга, рецимо над 2000 страници, не знам точна бројка. Јас уживам во руски класици, најомилени ми се, затоа добро ми иде. Книга од типот е на "Ана Каренина" и "Злосторство и казна", значи јаки причи испреплетени една низ друга и доста обемна, ко првиве две. Ако сакаш да почнеш со руска литература, треба да почнеш со помали книги. Мои препораки се -"Судбината на човекот" од Шолохов, -"Смртта на Иван Илич", -"Ревизор" од Гогољ -"Раскази" од Чехов и -"Бели ноќи" од Достоевски. Овие сите мислам дека се во програма во средно, освен последната. Полесни книги се за вовед во руска литература.
Би се обидел со Чехов, имам за оваа книга слушнато добри критики. Лолита од Навоков ми е читана ама не е од таа плејада руски класици претпоставувам