Ова е баш свежо, од оваа година. Гледав интервју со авторкава пред некој ден. (Секоја чест за неа, ретко артикулирана млада личност.) Ја читам моментално баш. Насловот звучи како некаква селф хелп книга, ама е всушност сериозна политичка и културна анализа за неолиберализмот и растот на популизмот во светот.
Да се надоврзам на претходната книга, веќе кога читам слични нешта. Одлична идеја, веќе прочитав три поглавја вчера (брзо се чита), многу поинтересно отколку Украина/Русија, левица/десница, неолиберализам/конзерватизам, капитализам/социјалдемократија, културни политики/LGBTQ+/бел супрематизам/ патриjaрхални вредности, тарифирање/глобализација, ние/другите, Македонија/светот, предавници/патриоти, што во принцип се лажни дихитомии кои се користат за злоупотреба на јавно мислење, ad nauseam. Еве за некој што го интересираат алтернатива и нови идеи за тоа што „после ова“, во новата година.