Па не би рекла, искрено, Рајли има просечни книги,не се нешто посебно, максимум 2.5/3 од пет би дала, сите ги имам прочитано. Далеку над него се скандинавските автори по морничавост.
Па еве "Затвори ги сите врати" реално ме удави.Ама некако ја дочитав.Едвај 2 ќе и дадам само заради крајот.
Совршениот син - Фрида Мекфаден @Kati428 се согласувам со тебе, "Ова започнува со нас" е далеку послаба по содржина од "Ова завршува со нас"... Како да е напишана само колку да има продолжение, па и авторката сама си кажала дека ја напишала по барање на читателите по успехот на првата книга
Ја читаш "Совршенот син"?Не знам дали ќе го делиме истото мислење и за оваа книга-но реално ова и е најслаба книга од сите што ми се прочитани од Фрида.Ај да не те разочарувам сега.Види па процени ти.