Јас божем италијанист, ама не сум ја читала. Те бендиса? Краљица. Сите ги препорачувам, вака на прва топка Завеса - Последниот случај на Поаро, После погребот (така мислам дека е во превод), Убиството во Ориент Експрес (плус филмот со Дејвид Суше, мислам и на јутјуб го има)
Јас сум ги читала Пајакова мрежа, сум ја гледала Ориент експрес и Падингтон и Божиќна приказна. Фала ако имам можност ќе ја прочитам
Famous Last Words - Gillian McAllister Книгава требаше забавен трилер да биде. Ама испадна дека е од фрустрирачките во кои ништо не се случува до крајните страници каде што сѐ ќе биде нафрлано. До 45 посто сум и само се повторуваат работите, се развлекуваат, без ништо да биде откриено, макар трошка некоја да те влече да читаш. Разочарување, ах.....
Искрено очекував многу повеќе од книгава.Првите 150 страници ми се некако тинејџерски, а после 200тата страна иде веќе нејзиниот стил.
Решив во март да прочитам некоја ваква книга која се осврнува кон жените (знам, знам, скроз иновативно), па изборот падна на: All in Her Head - Elizabeth Comen.