Почетокот ме потсеќа на Big little lies (иако тематски немаат врска двете книги) и баш сум возбудена за книгава.
Не знам до кај си, ама ти се придружувам, не можам да најдам ништо интересно моментално, а ова звучи солидно.
Прогесорот -Фрида Мкфаден Засега, предобар, превозбудлив трилер, баш ме интересира во кој правец ќе ме однесе и како ќе заврши.
Verity - Colleen Hoover Нема промашување со авторкава, штета што покасно ја открив ама подобро покасно отколку никогаш.
Имам едно прашање за вие што ги имате прочитано и двата писатели. Кој е подобар Себастијан фицек или Фрида Мекфаден? Ни еден не ми е читан.
Ау сега..двајцата си се посебни на свој начин.Ама Фицек си Фицек за мене.Ти ги препорачувам трилогијата Колекционер на очи,Ловец на очи и Плеј листа,Пациентот, Патник 23 и Надвор од контрола од Фицек. А од Фрида Професорот,Оддел Д,Куќната помошничка и Тајната на куќната помошничка.Па сподели кој ти беше подобар.А иначе Фицек е во Скопје на саем на 10 Мај.
Да знам дека ќе биде на саем и баш ми е криво што нема да можам да отидам на саемот. Планирав да ја земам куќната помошничка. Дали таа е прва па тајната на куќната помошничка? Дали се поврзани или секоја приказна т.е книга е сама за себе?
Па помошничката е заедничка за двете.А инаку прва е Куќната помошничка а втора е Тајната на куќната помошничка Има и 3 дел,ама не е преведена кај нас.