Ја почнав Дува и болвата од Божин Павловски. На почеток сум, се чини интересна, а не ми е дома книгата инаку до сега ќе ја прочитав.
Последна прочитана книга Не ја прочитав цела уште ја читам: Ќерката на мојата најдобра пријателка - Дороти Кумсон
Неколку пати ја почнувам и никако да продолжам Крајот на една љубовна приказна - Греам Грин , но верувам дека овие денови здраво ќе седнам да си ја прочитам.
Брида - Пауло Коелјо Не сум голем љубител на вакви книги, не знам, некако... тупаџиска ми е? Секогаш ги почнувам и ги оставам сите негови книги, ете, човекот ми е интересен како личност, ама како писател... Не ми го држи вниманието. Ќе се потрудам да ја дочитам, сепак.
Галебот Џонатан Ливингстон од Ричард Бах. Вечерва ја почнувам, па ќе видиме како ќе се покаже иако не се сомневам дека ќе биде преубава.